Фудбалската репрезентација на Велс го претставува Велс на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската Асоцијација на Велс (FAW), третата најстара национална фудбалска асоцијација во светот.
Во досегашната историја на репрезентацијата, Велс се квалификувал на два големи меѓународни турнири. Тие стигнале до четвртфиналето на Светското првенство 1958 што до денес е единствениот нивен настап на завршницата на некое Светско првенство. Покрај тоа, Велс исто така само еднаш досега се квалификувал и за Европското првенство, стигајќи до полуфиналето на првенството во 2016 година.
Во сите репрезентативни нивоа, вклучително и младинските репрезентации, репрезентацијата на Велс влече играчи пред сè од клубови од англискиот лигашки фудбалски систем. Главните професионални велшки клубови исто така играат во англиските лиги, а некои професионални клубови играат и во велшкиот лигашки фудбалски систем.